Македонска Покер Федерација: Нашата приказна, достигнувања и визии

MПФ е место каде стратегијата се сретнува со страста – заедно ги развиваме вештините и ја градиме македонската покер заедница на национална и меѓународна сцена

За Нас

Од своето основање во 2011, МПФ се стреми да го издигне покерот како интелектуален, професионален спорт во Македонија. Првите чекори ги направивме како член на IFMP, дебитирајќи во Виена 2012 со седмото место меѓу 14 земји, а во 2021, го остваривме сонот – пласирање во финалето на Nations Cup. Денес, преку интензивни тренинзи и турнири, МПФ гради силна заедница и поттикнува стратешка игра.

macedonian match poker

Нашата Приказна

Со високи цели уште од самиот почеток, МПФ повеќе од една деценија ја носи страста за покерот низ цела Македонија и пошироко. Преку менторски програми, домашни лиги и учества на глобални турнири, ја следиме нашата мисија – да го претвориме покерот во вистинска интелектуална игра и да инспирираме нови генерации играчи.

Спектакуларни турнири

На нашите турнири напнатоста и уживањето одат рака под рака. Тука ќе најдете чесна игра, креативни потези и забава што трае и по последната карта.

Искуство кое се памети

Секој детаљ ни е важен – од првото ‘добредојде’ до последниот чекор, вложуваме сѐ за да се чувствувате пријатно и да понесете незаборавни спомени.

Придобивки за членови

Членството во МПФ ви отвара врата кон:

  • Invite-only квалификациски турнири
  • Ексклузивни семинари и мастер-класови
  • Стратешки сесии со нашите најдобри репрезентативци

Настани

Секој настан носи нови вештини и можности за натпреварување. Ние сме домаќини на турнири во живо и онлајн, квалификации што ги отвораат вратите кон поголеми предизвици и национални шампионати што ја слават покер-експертизата. Со еден збор - МПФ создава сцена за покер-ентузијасти на сите нивоа.

Македонска Покер Супер Лига

Прв пат во историјата на Македонија се одржа спортска покер лига во која настапија 6 клуба. Домаќин на лигата беше Аполонија казино,хотел & СПА, а спонзори на лигата Skalar од Гевгелија и ERA cosmetics.

Шампион на Македонија во покер е тимот на Вардар Шаркс, а за MVP играч на лигата беше избран Андреја Андреевски, капитенот на екипата на Вардар Шаркс.

За најдобар женски играч беше прогласена Зорица Димовска исто така од шампионскиот тим на Вардар Шаркс, а најдобрите играчи беа наградени со прекрасните парфеми на ERA cosmetics.


Дресовите за сите шест екипи беа креирани и дизајнирани од Skalar Graphic design Гевгелија.

Активни Членови
0 +
Одиграни натпревари и тренинзи
0 +
Турнири и настани
0 +
Земји во кои се натпреваруваме
0 +

Совладај ја уметноста на покерот

Покерот е уметност на процена и одлука. Овде се комбинираат брзината на размислување и трпението на долг рок. Секој нов круг носи шанса за учење, адаптација и испит на сопствените способности.

Работилници за почетници

Започни со нашите неформални и пријателски сесии за почетници. Научи ги основите на покерот, поврзи се со нови луѓе и стекни прво практично искуство уште во текот на работилницата.

Персонализирани тренинзи

За побрз напредок, резервирај сесија со еден од нашите експерти. Тие ќе ти помогнат да ги изостриш стратегиите, да ги поправиш грешките и да напредуваш.

Практични игри и симулации

Продлабочи го твоето знаење со симулации кои ги имитираат вистинските турнири. Со брзи кругови, промени на ситуации и моментални совети, ќе стекнеш навики што се клучни за победа.

MПФ ПОРТАЛ

Најважните вести и случувања