Пред почетокот на ден2 на Балканскиот покер шампионат во хотел ,казино & спа Аполонија ,Гевгелија на главниот настан со гарантиран награден фонд од €150.000 во убедливо водство се наоѓа Прилепчанецот Дадо Думаниќ со 1.370.000 чипови .
На второ место е Душан Антунович од Србија со скоро половина милион чипови помалку ( 872.000 ) , а потоа следат група на играчи од јужниот сосед Грција. Од останатите Македонски играчи најдобро пласиран е вицешампионот од минатиот Балкански шампионат Симон Божиноски од Охрид на 16то место со 507.000. Овој турнир е рангиран за титулата Македонски играч на годината 2025 и ќе биде интересно до самиот крај на годината.
Ден2 започнува денес (сабота) од 17h часот Македонско време, а утре е финалниот ден на шампионатот.
Да стискаме палци за нашите играчи !