Според правилата на IFMP, победниците на домашните лиги требаше да играат шампионска лига турнир од каде би се добил Европскиот и Светскиот клупски шампион во матч покер,но засега сеуште нема никаква најава од Лозана . Исто така после последниот Европски шампионат во Македонија пред 3 години и Азискиот куп во 2023 IFMP е во некакво затишје, дали е затишје пред бура ќе дознаеме наскоро.
Раководството на МПФ со нетрпение го очекува редовниот Конгрес на IFMP годинава каде што ќе бара смена на раководните структури во организацијата ,а најновите информации се дека за промени постои подршка од скоро сите Европски членки на IFMP !
Македонија идната недела ќе учествува на Светското првенство WCOAP2025 во Нотингем ,Англија кое е организирано од APAT и кое се игра во живо во 4 варијанти на покер !
На сликата од Виена 2012год. Претседателот на МПФ ПопГонов со сеуште актуелниот претседател на IFMP Патрик Нали и неговиот претходник Антони Холден кој почина после неговата смена во 2013 година.
Најавите се дека Г-дин Мајк ПопГонов има сериозна подршка да ја преземе раководната позиција во IFMP .

