За што разговараа челниците на Е-спортот и Покер Спортот ?

од ffadmin

Во неофицијална ,пријателска и опуштена атмосфера вечерва во Скопје средба остварија генералниот секретар на Интернационалната е-спорт федерација и основач на Македонската е-спорт федерација Г-динот Бобан Тотовски и претседателот на Македонската покер спорт федерација Г-динот Мајк ПопГонов .

Во име на сите љубители на покер играта ,ПопГонов му честиташе на колегата од Македонската Е-спорт федерацијата за големиот успех и освоената Европската титула во Дота 2 пред 3 недели во Приштина, додека Тотовски ја даде својата поддршка и искрени желби за успех на Македонската селекција во покер на шампионатот WCOAP2025 во Нотингам идната недела.

И двајцата изразија желба за соработка и континуирано несебично залагање за подобра промоција на нашата држава во меѓународните натпреварувања.

– Искуството на Бобан и неговата поддршка ќе ми биде од голема полза во моите намери за успешна кандидатура за избор на претседател на IFMP ,истакна претседателот на МПФ

MPF mk

Можеби ќе ви се допадне

Остави Коментар