КОЈ ГО ОСВОИ ПРВИОТ САТЕЛИТ ЗА АПОЛОНИЈА #4 Balkan Championship?

од ffadmin

Синоќа се одигра првиот онлајн сателит за наредниот Аполонија Балкански шампионат #4 кој ќе се одржи од 16ти до 22ри март во Македонскиот Лас Вегас, а тикетот го освои репрезентативецот на Македонија Александар Камендолиев од Неготино. 

Во конкуренција на Штрков, Стојановски, Андреевски, Влакевски, Узунов, Боцески и некои други познати имиња, играчот на годината за 2023 на крајот беше најсреќен и тој е веќе еден од нашите фаворити за освојување на шампионатот во Гевгелија за три недели од денес. 

Наредниот исто така рангиран сателит со ГАРАНТИРАН ТИКЕТ е веќе во вторник (утре), 3ти март од 20:00 со €15 buy in! 

Регистрациите се отворени за сите ! 

Повеќе информации на info@mpf.mk

Можеби ќе ви се допадне

Остави Коментар