После вчерашниот катастрофален старт и брзите елиминации на нашите играчи, после паузата и промената на местата, во вториот дел бевме успешни и фативме приклучок на табелата, а со победите на Спасески и Бојкова го избегнавме последното место. Отсуството на Камендолиев кој беше специјализиран за PLO8 hi/low малку ги поремети нашите планови, но искусниот Спасески успешно ја превзеде таа позиција и сега во тимот е вратена самодовербата. Системот на натпреварување е таков што една или две победи или брзи елиминации носат драстични промени на табелата. Денес напладне се продолжува со програмата на шампионатот и целта е да се пробиеме барем до средината на табелата, а во вечерниот термин се игра МТТ турнирот кога со добар пласман на барем тројца од четирите играчи ќе можеме да се надеваме на вклучување во борбата за медали.
Вчерашниот ден беше повеќе како загревање, а овој тим верува во успех ! За кого ?
– За Македонија !
