На главниот настан во Гевгелија зедоа учество 317 натпреварувачи со учество од €220, а најмногубројни беа играчите од соседна Грција, следат домашните играчи, па гостите од Србија, Косово и Бугарија.
Победникот на последниот рангиран турнир во Аполонија и номиниран кандидат за играч на годината ( заедно со Илија Савевски) Дадо Думаниќ заврши втор освојувајќи €9520, а третопласиран беше Бојан Ацевски од Скопје за €6460.
– Ми беше понудена зделка да прифатам €14.000, противникот од Грција да земе €11.000 но да го задржи и трофејот . Не се согласив, бев убеден во победата, тој имаше само 15 блинди, но на крајот среќата ми го сврте грбот, раце во кои имав предност тој имаше многу среќа и победи А4 vs мои TT пред флоп, како и 23 vs A3, флоп Т33. Но тоа е покерот, понекогаш потребна е и среќа, ни раскажа Дадо.

Наредните рангирани турнири во живо на MPF се на почетокот од идниот месец во Кипар, домашниот во Аполонија (17-22март) како и турнирите во Розвадов, Братислава и Даблин. За некои од нив имаме онлајн сателити од €1 на WPT Global со бонус код : MPFMK