Синоќа заврши втората рунда од серијалот “Macedonian Open”, а на програмата беше првиот “Progressive Bounty” кој ќе се игра секој четврток. На крајот славеше искусниот репрезентативец на Македонија Петар Филипов, кој со својот мач покер клуб Вардар Покер Шаркс е и актуелен шампион на Македонија. Во heads up тој го победи двократниот носител на златен медал од “Macedonian Open” и колега од репрезентацијата Спасе Кленковски од Струга кој со второто место синоќа и новите 25 бода, ја превзеде лидерската позиција на табелата.


На финалната маса синоќа имаше уште двајца репрезентативци на Македонија: Стефан Стојчев од Неготино и капитенот на Вардар Шаркс Андреја Андреевски кои завршија како трети од односно седми.

Ова е само увертира за жешката есен и зима кои следат, а на пролет ќе дознаеме кои ќе бидат 10те наградени. Најдобриот ќе биде дел од Македонската селекција на WCOAP2026 во Англија со платени патни трошкови, 6 ноќевања и учество на Светскиот шампионат во Нотингам идното лето.
Одиграни се само два ,а не очекуваат уште 54 рангирани турнири . Не е касно и вие да се вклучите во борбата за медал ,престиж и секако Македонскиот дрес !
Веќе во недела е наредниот рангиран турнир со €15 buy in ,а за победникот е гарантирано учество на главниот настан во живо во Македонскиот Лас Вегас идниот месец со ГАРАНТИРАН НАГРАДЕН ФОНД од €150.000 !!!
Вака изгледа моменталната табелата после две одиграни рунди ,а во недела е наредниот рангиран турнир со гарантиран тикет за главниот настан во Аполонија Гевгелија идниот месец. Регистрациите се отворени за сите !

За повеќе информации може да не контактирате на : info@mpf.mk