СО ПОБЕДАТА СИНОЌА КУЗМАНОВСКИ ОСВОИ ТИКЕТ ЗА АПОЛОНИЈА MAIN(€150.000 GTD) !

од ffadmin

Синоќа се одигра третиот рангиран турнир од овогодинешниот серијал “Macedonian Open”, а освен 30те поени за првото место Огнен Кузмановски освои и тикет за главниот настан во живо идниот месец во Аполонија, Гевгелија со гарантиран награден фонд од €150.000. Во својот прв настап Ице Боцески од Прилеп го освои второто место за утешни €118 и вредни 25 поени со кои веќе е на делба на 6тото место.

Без пласман останаа Кленковски и Филипов, а тоа на најдобар начин го искористи Ивица Петровски кој заврши трет за 20 поени со што изби на чело на табелата. Идниот четврток на програмата е наредниот “Progressive Bounty”, а регистрациите се отворени за сите .

www.clubgg.com,  club ID 775 736 (Stone Bridge)

повеќе информации на info@mpf.mk

Вака изгледа моменталната табелата на 53 турнири до крајот на серијата, а победникот ќе биде член на Македонската селекција на WCOAP2026 во Нотингем,Англија, a предвидени се награди и за топ10

Можеби ќе ви се допадне

1 Коментар

MIKE October 20, 2025 - 10:02 am

Многу добро

Врати

Остави Коментар