Со доделени 10 онлајн тикети во вредност од €3500 на одиграни 7 сателити за Аполонија и 7 “Progressive Bounty” турнири заврши првата четвртина на “Macedonian Open”. Дури 4 играчи на последниот МЕГА САТЕЛИТ освоија влезови на главниот настан во Гевгелија кој започнува утре со гарантиран награден фонд од €150.000 ! Петто пласираниот освои утешни €220 и 10 поени . Првите двајца играчи на табелата не стигнаа до финална маса а со тоа останаа без бодови што со освоените 30 бода и тикет за Аполонија, Ице Боцески од Прилеп (Stone Bridge poker club) за еден бод ја превзеде лидерската позиција од двојниот победник Марио Мојсов член на “Monte Cristo” .

Наредните денови сите очи ќе бидат вперени во главниот настан во Гевгелија ,па ќе имаме кратка онлајн пауза пред почетокот на втората четвртина од “Macedonian Open” идната недела !
Им стискаме палци на нашите играчи !
