Аполонија, МПФ и IFMP

од ffadmin

Без подршката од Аполонија казино ,хотел & СПА Гевгелија ,целата организација на шампионатот немаше да биде возможна. Сместувањето со полн пансион за сите учесници од 23ти до 27ми мај 2022 беше гратис ,а општина Гевгелија обезбеди бина и озвучување за церемонијата на отварањето ,како и дел од транспортот за гостите од и до  Скопскиот аеродром . Благодарност до сите . 

Свечената вечера ( на сликата) на која освен сите репрезентации со членовите ( 126 ) учествуваа покрај другите и градоначалникот на Гевгелија Андон Сарамандов со сопругата , сопственичката на Аполонија Ингела Клинг  претседателот на IFMP Патрик Нали , презентерите Марјана Станојковска и Горан Милковски и ,претседателот на МПФ ПопГонов. 

Можеби ќе ви се допадне

Остави Коментар