После победата на суперсателитот за Аполонија Гевгелија, на последниот “Progressive Bounty” уште една победа за Марио МОЈСОВ и нови 30 поени за убедливо водство во генералниот пласман. Тој е првиот натпреварувач со над 100 поени, а веднаш зад него е Ивица Петровски со 85, понатаму следат Боцески, Доцевски и Андреевски, седми е Лекоски, а во топ 10 се и репрезентативците Кленковски, Стојчев и Филипов.

Веќе вечерва од 19h на програмата е последниот( шести) рангиран сателит со €15 и ГАРАНТИРАН ТИКЕТ за главниот настан во Аполонија со награден фонд од €150.000 бидејќи за наредниот, последен викенд, пред главниот настан во живо е планиран Суперсателит со €30 buy in, за 3 ГАРИНТИРАНИ ТИКЕТИ, но за тоа детално ќе бидете информирани наредните денови.

За повеќе информации пишете ни на info@mpf.mk, а регистрациите сс отворени за сите во онлајн покер клубот Stone Bridge на www.clubgg.com, club ID 775 736
