Германија остана без медал ,Англија е новиот светски шампион во покер !

од ffadmin

Официјално Македонија е 8ма покер сила во светот оставајќи ги позади себе величините како САД, Франција, Шпанија, Бразил, Шведска, Швајцарија и други, но сепак останува горчината дека можевме подобро. Можеби не е оправдување отсуството на стандардниот Камендолиев кој откажа неколку дена пред патувањето заради семејни здравствени проблеми, но сепак  отсуството на играчот на годината за 2023 беше голем хендикеп за нашата репрезентација бидејќи факт е дека во моментов немавме соодветна брза замена за него заради визниот режим со Обединетото Кралство! 

Поединечно најдобро пласиран и најсветла точка кај нас беше капитенот Спасески на 3та позиција со 62 бода ,Џаџева беше 30та со 24 бода ,Фидановски 33ти со 23 бода и Бојкова 45та со 15 бода што екипно ни го донесе 8то место ! 

Можеби ќе ви се допадне

Остави Коментар