KОЈ ГО ОСВОИ ФРИРОЛОТ ? БЕЗ ПРОМЕНИ НА ВРВОТ !

од ffadmin

Донацијата од Дадо Думаниќ беше искористена за фрирол ( бесплатен ) онлајн турнир кој во исто време беше рангиран за “Macedonian Open” на Македонската Покер Унија на платформата на clubGG ! 

На турнирот учествуваа околу 80 играчи, а победник беше играчот што доаѓа од ” Stone Bridge”, ЉУПЧО ГИНОВСКИ, а освен 30 бода тој го подобри и своето конто за €234 ! 

Останатите средства беа поделени помеѓу играчите на финалната маса, а изгледа најдобро профитираше третопласираниот Салатоски член на “Monte Cristo” кој освен €145 освои и 20 бода и направи највисок скок на табелата од 28мо место во топ10 со вкупно 54 бода.

На врвот и понатаму е Ице Боцески член на “Stone Bridge ” пред Марио Мојсов од “Monte Cristo”, но има уште многу да се игра до крајот ,а серијата продолжува во четврток со Progressive Bounty (10+10+2), a во недела е првиот сателит за мартовскиот Balkan Championship #4 во Apollonia ( €300K GTD) со гарантиран тикет ! 

Да напоменеме , за десетте првопласирани се обезбедени вредни награди кои ќе бидат доделени во свечена пригода кога ќе биде доделен и трофејот за најдобар играч на годината 2025, на најдобрите тројца ќе им бидат врачени медали, а победникот на серијата ќе го облече македонскиот дрес на WCOAP2026 во Нотингем идниот август ! 

Info@mpf.mk

Можеби ќе ви се допадне

Остави Коментар