Со уште една финална маса и освоеното шесто место Кленковски од Струга го превзеде водството во генералниот пласман, и покажа дека и годинава тој ќе биде еден од главните фаворити за освојување на престижниот медал, инаку финални маси обезбедија и репрезентативците Стојчев од Неготино(5) и Андреевски(4) од Скопје со што влегоа во топ5. Победник на вчерашниот “Progressive Bounty” беше Михо Салатоски (на сликата) со што тој ја најави кандидатурата за висок пласман за кое е потребно континуитет бидејќи до крајот на “Macedonian Open” има уште точно 50 турнири, а тој со досега освоените 34 бода е на седмата позиција пред докажани имиња како Штрков, Филипов, Наумовски и други.

Веќе во недела е четвртиот рангиран сателит кој ќе ни донесе, освен 30 бода за победникот, и учество во живо на главниот настан во Аполонија на крајот од ноември со Гарантирани €150.000 !
Регистрацијата е отворена за сите преку www.clubgg.com, во еден од нашите клубови: ID 775 736 (Stone Bridge), а за повеќе информации пишете на email: info@mpf.mk
Вака изгледа моменталната табела:
