На последниот рангиран турнир од минатата година “Progressive Bounty” доминираше двојниот победник Мојсов и се очекуваше негова трета победа, но на крајот славеше играчот од САД, сепак второто место му донесе 25 поени на дотогаш второпласираниот Мојсов кој сега сам изби на лидерската позиција со 137 поени пред второпласираниот Ице Боцески од Прилеп кој остана без пласман на 113 поени.
Трет заврши репрезентативецот Андреевски кој со новите 20 бода изби на 4то место во генералниот пласман со вкупно 94 бода.

Со онлајн сателитот за главниот настан во Гевгелија, на 18ти јануари продолжува серијата рангирани турнири од Mаcedonian Open, a најдобриот ќе биде дел од Македонската селекција идното лето на WCOAP2026 во Нотингем ,Англија ! Од 18ти јануари до 15ти март планирани се 9 турнири (секоја недела ) со 10 гарантирани тикети за главниот настан на балканскиот шампионат во Аполонија со гарантирани €300.000!
Регистрации на www.clubgg.com , ID 775 736
За повеќе информации : info@mpf.mk