Видео на линкот : https://www.facebook.com/reel/1465483952344504
На меѓународниот турнир во Малта синоќа Александар Косаркоски од Охрид го освои првото место и заедно со шампионскиот трофеј тој е побогат за солидни
€138.000 !
Со одлична игра тој доминираше во текот на целиот турнир и на финалниот ден влезе како фаворит за освојување на трофејот на главниот настан на престижниот Малта покер фестивал со вкупен награден фонд од 3 милиони евра.

Во конкуренција на 2.174 играчи, со учество од €600 и награден фонд од над милион евра ( €1.069.635 )нашиот Александар Македонски од Охрид беше најдобар на главниот настан од овој покер фестивал. Победата на Александар донесе многу радост и восхит за сите љубители на мисловниот спорт во Македонија.

Со оваа победа Охриѓанецот е најголемиот фаворит за освојување на престижниот трофеј ” Играч на годината ” за 2026 
Честитаме од срце !