КОЈ е НАШИОТ ПРВ ДОБИТНИК НА тикет за Аполонија и како изгледа табелата ?!

од ffadmin

Минатата недела со почетокот на “Macedonian Open” се одржа првиот сателит со buy in €15 ( unlimited re-entry) на кој зедоа учество 26 играчи. 

На крајот најмногу се радуваше Ивица Петровски ( 6377-8072) кој освен тикет (€350 ) за главниот настан во Аполонија, Гевгелија прокнижи и 30 поени и е лидер на табелата за “Macedonian Open 2025/6 “. 

Второ место, 25 поени и утешни €144 освои играчот со ID 3806-3241 .

Двојниот носител на златни медали од  “Маcedonian Open”,  репрезентативецот Спасе Кленковски заврши 5ти . Сите играчи од финалната маса освоија поени.

Веќе утре, четврток (16.10.25) од 19h на програмата е вториот рангиран турнир од серијата ( Progressive Bounty) со €22 buy in (10+10+2 ) ,а регистрациите се отворени за сите . 

До 23ти ноември ќе бидат доделени уште најмалку 6 тикети( секоја недела) за главниот настан во живо во Македонскиот Лас Вегас со ГАРАНТИРАН НАГРАДЕН ФОНД од €150.000 (27-30ти ноември) ! 

На крајот од серијата турнири најдобриот ќе ја има честа да биде дел од Македонската селекција на WCOAP2026 во Нотингем,Англија  идната година, а предвидени се вредни награди и за најдобрите десет  играчи! 

Вака изгледа табелата после првата одиграна рунда : 

1. Ивица Петровски         30

2. ID 3806-3241                   25

3. ID 4464-0924                   20

4.  М.Поп-Гонов                  15

5. С.Кленковски                 10

6. CoMc990                           08

7. A.Aндреевски                  06

8. Cika Paja ID 6368-1511    04       

9. ado1995 ID8116-1460      02

Можеби ќе ви се допадне

Остави Коментар