МОЈСОВ СО ПОБЕДА ГО ПРЕВЗЕДЕ ВОДСТВОТО НА ТАБЕЛАТА !

од ffadmin

Петтиот победник на онлајн суперсателитот за главниот настан во Аполонија е Марио МОЈСОВ. Освен освоеното учество во вредност од €350 тој на своето конто добави и нови 30 поена со што сега со вкупно 82 поена од петтото место ја превзеде лидерската позиција во генералниот пласман. Синоќа второпласираниот Доцевски освен утешните €40 освои и 25 поени со што направи најголем скок од 9то на 3то место на табелата. Шестото место за Боцески беше доволно да ја задржи втората позиција ,а уште една финална маса за Андреевски не беше доволна да ја зачува лидерската позиција, сега е четврти.

До крајот на првата четвртина од “Macedonian Open” гарантирани се уште два тикета за главниот настан во Гевгелија со €150.000 GTD ! Регистрациите за идниот рангиран “Progressive Bounty” во четврток се отворени за сите, а моменталната табела на топ20 изгледа вака: 

За повеќе информации контакт : 

info@mpf.mk

Мобилен : 079265253 

Можеби ќе ви се допадне

Остави Коментар