Синоќа се одигра последниот онлајн сателит на кои земаа учество играчи и од Бугарија, а Христина Николова ( на сликата ) од Софија во еден момент при крајот на финалната маса имаше повеќе чипови од тројцата наши играчи заедно, но честа на мажите ја спаси претседстелот на МПФ кој на крајот триумфираше и ќе настапи на BalkanPokerChampionship #4 во Аполонија Гевгелија од 16-22март !
Некои одлични играчи и репрезентативци како Спасе Кленковски, Горјан Пешев, Ице Боцески и Бојан Влакевски останаа со кратки ракави, но сите тие ќе настапат на сателитите во живо кои ќе се играат во Аполонија од утре (вторник). Им пoсакуваме успех на нашите играчи.