Заврши WCOAP2026 во Манчестер, а Англичаните по рекорден трет пат едно по друго ја освоија титулата. Претходно Украина има освоено две титули во низа, но домаќините поставија нов рекорд. Во борбата за сребрениот и бронзениот медал се водеше неизвесна трка до последното делење, а најмногу се радуваа Германците за второто место пред Белгија која им ја украде бронзата на Велшаните со последното делење на картите!
Македонија имаше одличен старт, но покасно целиот тим немаше среќа и со освоеното 10то место на крајот беше обезбеден опстанокот во елитата за наредната сезона. Од А група испаѓаат Швајцарија, Канада и САД, а бараж ќе игра Шкотска. Новите членови во А група за наредниот шампионат ќе бидат Португалија, Романија и Полска.

Најавите се дека WCOAP2027 ќе биде со учество на 16 репрезентации, но тоа ќе биде потврдено на крајот од годинава. Македонија идниот април ја очекува учество и на Европското првенство во Чешка, но јасно е дека за подобри резултати се потребни промени во структурата на МПФ.
Може да биде оправдување визниот режим и отсуството на некои многу квалитетни играчи во тимот, но позитивно е што се даде шанса на дебитант и млад талент како Томе Јанев кој ги исполни очекувањата и беше нашиот најдобар поединец во тимот. Македонскиот покер има иднина !