55
Вчера Македонскиот тим се смести во Малдрон Хотелот во строгиот центар на Манчестер недалеку од Гросвенор казиното каде што денеска започнува WCOAP2026.
После разгледувањето на градот и вечерата, играчите се запознаа со покер салата и амбиентот каде што веќе се одржуваше покер турнир во живо.
Од оправдани причини ќе недостасуваат Блерим Имери и Жаклина Маневска, но тимот ќе биде комплетиран од претседателот на МПФ, ПопГонов кој ќе настапи во дисциплината Омаха како и пред две години во Нотингем .
Да им посакаме среќа на нашите играчи !