ПОЗНАТ Е МАКЕДОНСКИОТ СОСТАВ ЗА СВЕТСКИОТ КУП ВО МАНЧЕСТЕР !

од ffadmin

Заради визниот режим со Обединетото Кралство некои од нашите најдобри играчи како Симон Божиновски од Охрид, Ице Боцески од Прилеп и Спасе Кленковски од Струга, нема да бидат дел од тимот, а заради професионални обврски своето учество го откажаа Илија Савевски од Битола, Дадо Думаниќ од Прилеп, Софија Џаџева ( Турција) и Мики Фидановски ( Грција), така да на официјалниот список за Манчестер се наоѓаат :

1. Томче Спасески ( Скопје) 

2. Блерим  Имери  (Скопје )

3. Томе  Јанев    ( Струмица) 

4. Жаклина  Маневска ( Англија )

5. Никола  Трајанов   ( Швајцарија )

Освен Томче Спасески кој е стандарден во селекцијата, а минатата година беше и нашиот МВП на WCOAP2025 со освоеното второ место во генералниот пласман, останатите играчи ќе дебитираат во националниот дрес, а новина е дека годинава нашата репрезентација ќе настапи во жолти дресови. Да се надеваме дека новите дресови ќе ни донесат и подобра среќа ! 

Можеби ќе ви се допадне

Остави Коментар