Веќе наредниот вторник Македонија по трет пат ќе настапи на шампионатот во Обединетото Кралство каде традиционално се собираат најдобрите покер селекции на светот. Годинава ќе учествуваат 14 селекции, а Англичаните ќе ја бркаат третата титула во низа. Годинава за прв пат ќе учествува и Кина, а меѓу фаворитите се вбројуваат Германија, САД и Холандија. Останатите учесници се Белгија, Италија, Шкотска, Ирска, Велс, Канада, Швајцарија и Северна Ирска.
Македонија е единствениот представник од Балканот и Југоисточна Европа воопшто. Досега нашиот најдобар настап беше минатата година со освоеното осмо место, а годинава се надеваме на уште подобар пласман.