Мирослав Фидановски -Мики е дефинитивно еден од најискусните македонски покер играчи. Тој е редовен учесник на сите големи турнири и представник на старата гарда љубители на играта во живо. Секогаш скромен ,но исто така скоро секогаш во самиот врв. Еден од ретките врвни играчи што досега не беше повикан во националниот тим,па со радост и без размислување ја прифати поканата за настап на WCOAP 2025 во Нотингем ова лето !